Во Тетовско ќе се произведуваат ветерници

Bez autora
May 12 2011

Почна изградбата на фабриката „Енфло продакшн“, швајцарска инвестиција во Македонија, вредна пет милиони евра. Ќе се изгради фабричка хала за производство на ветерници и во почетокот се планира да се отворат 100 нови работни места. Според најавите на швајцарскиот инвеститор, се очекува производството да почне кон крајот на оваа година, а доколку се покаже успешен, целосната инвестиција треба да биде во вредност од над 20 милиони евра и минимум 500 работни места. Според генералниот директор на „Енфло“, Дирк Сус, тие се решиле да инвестираат на свое земјиште што го купиле во близина на Желино затоа што иако слободните економски зони нудат поволности, според нивните процени, евтината работна сила на овој простор, како и пристапноста на регионот биле одлучувачки што се решиле тука да го отворат својот погон и очекуваат овој проект да биде профитабилен, успешен и долгогодишен.

Во Тетовско ќе се произведуваат ветернициПочна изградбата на фабриката „Енфло продакшн“, швајцарска инвестиција во Македонија, вредна пет милиони евра.

Ќе се изгради фабричка хала за производство на ветерници и во почетокот се планира да се отворат 100 нови работни места.

Според најавите на швајцарскиот инвеститор, се очекува производството да почне кон крајот на оваа година, а доколку се покаже успешен, целосната инвестиција треба да биде во вредност од над 20 милиони евра и минимум 500 работни места.

Според генералниот директор на „Енфло“, Дирк Сус, тие се решиле да инвестираат на свое земјиште што го купиле во близина на Желино затоа што иако слободните економски зони нудат поволности, според нивните процени, евтината работна сила на овој простор, како и пристапноста на регионот биле одлучувачки што се решиле тука да го отворат својот погон и очекуваат овој проект да биде профитабилен, успешен и долгогодишен.

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, новата инвестиција е уште еден доказ дека се создава поволна клима за привлекување странски инвестиции.

„Се работи за инвестиција, која не само што ќе овозможи нови работни места туку и трансфер на технологија, бидејќи компанијата ’Енфло‘ во својот погон ќе употребува последна генерација на технологија во оваа област, што е многу важно за нас, бидејќи станува збор и за трансфер на знаење“, рече Пешевски.

Според вицепремиерот Абдилаќим Адеми, за овој проект свој придонес дала како централната, така и локалната власт, односно Општина Желино, со цел што побрзо завршување на потребната документација и забрзување на процедурите.

„Се надевам дека оваа инвестиција ќе се заокружи според планот и заедно со можностите на слободната економска зона во Тетово ќе придонесе за зголемување на вработеноста“, рече Адеми.

Производството на „Енфло“, пред се', е наменето за европскиот пазар. Првата хала е од 3.500 квадратни метри, а вкупната површина што е закупена од страна на компанијата е 24.000 квадратни метри (или 2,5 хектари). На ова земјиште се планира да бидат изградени вкупно четири производствени хали.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik